Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Петар Гугуљанов: Големата верба за победа на секој натпревар е главната причина што играме добро и освојуваме бодови
Петар Гугуљанов: Големата  верба за победа на секој натпревар е главната причина што играме добро и освојуваме бодови

Петар Гугуљанов: Големата верба за победа на секој натпревар е главната причина што играме добро и освојуваме бодови

Помладите пионери на ФК Вардар стигнаа до својата четврта победа во првенството, откако на домашен терен убедливо ја победија екипата на Шкупи. Резултатот од 4:0 говори за доминацијата на црвено-црните во текот на целиот меч, кои имаа уште неколку добри шанси за поубедлив триумф. Одлично игра оваа генерација на Вардар во својата дебитанска сезона во првенството. Еден од играчите кој ги започна сите пет натпревари како стартер е Петар Гугуљанов, од кој во голема мера зависи играта на оваа генерација. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од победата против Шкупи.

-Уште од стартот на мечот се виде дека сме посилна екипа, целосно ја имавме контролата на мечот што на крај го покажа и конечниот резултат. Сакавме бргу да го отвориме резултатот, знаевме дека Шкупи ќе се отвори повеќе, што ни даваше повеќе простор да го нападнеме нивниот гол и да создаваме шанси. Задоволен сум од прикажаната игра како и од резултатот. Големата  верба за победа на секој натпревар е главната причина што играме добро и освојуваме бодови. Добро се познаваме во екипата и знаеме што сакаме на секој натпревар. 

Помладите пионери се најдобрата Вардарова генерација и единствената која се уште нема пораз во првенството.

-Оваа сезона ни почна многу добро, победуваме со висок резултат, а сеуште немаме ни пораз, ке се обидеме така и да завршиме. Минатата сезона не бев на секој меч  стартер, но со напорната работа и труд во новата сезона обезбедив место во првите 11-сетмина на теренот.

Звонко Ивановски