Шампионот на Македонија и втора сила во Европа, тимот на ЖРК Вардар, утре ќе одржи прес-конференција по повод дуелот против ФТЦ Реил Карго кој ќе биде одигран во рамките на првото коло во новата сезона во Лигата на шампионите.
Прес-конференцијата ќе се одржи утре, 04.10.2017 година во 12 часот во прес – конференциската сала во СЦ „Јане Сандански”.
Натпреварот против ФТЦ Реил Карго е закажан да биде одигран на 6 октомври – (петок) со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански”.