Тимот на Вардар даде уште тројца играчи кои треба да настапат за своите репрезентации. Повик да играат за Ерменија повторно добија Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан, кои на 6-ти и на 9-ти октомври ќе играат против Полска и Казахстан.
Покрај нив двајца и Џамбул Џигаури доби нов повик за својата репрезентација на Грузија. Селекцијата на Грузија во овој циклус ќе одигра натпревари против селекциите на Велс и на Србија.
Од друга страна, Бобан Николов поради повреда отпадна од комбинација за дуелите на Македонија против Италија и Лихтенштајн.