Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > По три одиграни кола РК Вардар има најдобра одбрана во ЛШ, голема заслуга за малиот број на примени голови има Арпад Штербик
По три одиграни кола РК Вардар има најдобра одбрана во ЛШ, голема заслуга за малиот број на примени голови има Арпад Штербик

По три одиграни кола РК Вардар има најдобра одбрана во ЛШ, голема заслуга за малиот број на примени голови има Арпад Штербик

Вардар и по три одиграни кола има максимален број на освоени бодови во најсилната група А, а истиов учинок го има само екипата на Веспрем во двете најсилни групи, како и Монпелје и Горење во послабите групи на најголемото ракометно натпреварување.

Европскиот шампион може да се пофали и со најдобрата одбрана после три одиграни кола. Црвено-црните примија само 66 голови, што е далеку помалку од останатите екипи, кои се дел од најсилните групи. Ист број на примени голови има и Монпелје, кој е дел од послабата група Д. Ако се погледне во најсилните групи ниту една друга екипа нема ни приближно примени голови како нашиот Вардар. Она што не красеше минатата сезона, добрата одбрана продолживме да ја играме и во новата сезона. Една од најголемите заслуги секако се препишува на Арпад Штербик, кој на првите три натпревари имаше двоцифрен број на одбранети удари кон неговиот гол. Арпад се наоѓа во неверојатна форма, која ја демонстрира на најдобар можен начин, на мечевите од лигата на шампионите.

Засега се оди според планираното, Вардар победи на сите три натпревари и во одлична атмосфера го очекува следниот натпревар, а тоа е гостувањето против незгодниот тим на Пик Сегед, терен на кој секогаш е тешко да се освојуваат бодови. Се работи за екипа која исто така демонстрира цврста одбрана и брз контра напад. Овој дуел е закажан да се одигра на 7-ми октомври.