Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Филип Стојменов: Пресуди поголемата желба кај нас и подобрата тактичка поставеност на тренерот Петрушевски
Филип Стојменов: Пресуди поголемата желба кај нас и подобрата тактичка поставеност на тренерот Петрушевски

Филип Стојменов: Пресуди поголемата желба кај нас и подобрата тактичка поставеност на тренерот Петрушевски

Вардар Јуниор ја доби првата пресметка со екипата на Металург 2, во рамките на третото коло од најсилната супер лига. Иако Металург имаше во својот состав играчи кои имат искуство со настапи во лигата на шампионите за првиот тим на екипата, тоа не претставуваше пречка за младите Вардарци да одиграат одличен и борбен натпревар и на крајот да триумфираат во салата во автокоманда. Беа постигнати мал број на голови, а по првиот дел домашнаа екипа имаше минимална предност од еден гол. Во најголем дел од второто полувреме, избраниците на Петрушевски имаа предност, која успеаа да ја задржат во неизвесен финиш и да слават со резултат 22:23.. Овој натпревар беше посебен за Филип Стојменов, кој на почетокот на оваа сезона пристигна во Вардар Јуниор токму од екипата на Металург. Не било лесно да се донесе одлука да се премине во најголемиот ривал, но пресудно била можноста да напредува.

-Нормално дека не е сеедно да се донесе таква одлука но верував дека тој потег ке ми помогне мене за да напреднам како играч и тоа беше пресудно. Натпреварот сам по себе си има тежина со оглед на тоа дека е дерби и секој натпревар од пионерска лига до прв тим така и овој натпревар, иако за мене беше посебен меч на кој добив шанса да играм против поранешните соиграчи и желбата за надигрување со нив беше на високо ниво.

Стојменов вели дека одлучувачки за победата било подобрата тактичка поставеност на тренерот на Вардар, Стојан Петрушевски како и големата борбеност која ја прикажал неговиот тим.

-Пресуди поголемата желба кај нас и подобрата припрема и анализа , тренерот Петрушевски постави одлична стратегија до која се придржувавме и доколку ги намалевме грешките ќе беше решен натпреварот многу порано. Мило ми е што сите дадоа свој максимум, сите дадоа 100% и делувавме на терен како едно. Благодарен сум пред се за шансата што ја добив и довербата од тренерот и соиграчит. Благодарен сум им и на сите што се вложија максимално и среќен сум што ние ги освоивме бодовите.
Младоста и големата желба за надигрување ќе бидат главниот одлики за најмладиот состав кој оваа сезона се натпреварува во супер лигата, а тоа е екипата на Вардар Јуниор.
 
-Сите соиграчи ме прифатија одлично ,со повеќето од нив и од претходно се познавав и сега интересно е да се биде на иста половина со нив, а како они така и Столе и физиотерапевтот. Тренираме напорно се вложуваме максимално, имаме одлични тренинзи правиме анализи и постојано ни се укажува на грешките со цел да ги сведеме на минимум и оваа сезона на секој натпревар ке има борба до последна минута. Сакаме да се надигруваме со сите и ке видиме како ке се одвиваат работите.
Звонко Ивановски