Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Исмет Хајдари: Со одбрана на трофејот покажавме дека сме најдобри, сепак оваа генерација го нема кажано последниот збор, допрва следи вистинското од овие момци
Исмет Хајдари: Со одбрана на трофејот покажавме дека сме најдобри, сепак оваа генерација го нема кажано последниот збор, допрва следи вистинското од овие момци

Исмет Хајдари: Со одбрана на трофејот покажавме дека сме најдобри, сепак оваа генерација го нема кажано последниот збор, допрва следи вистинското од овие момци

Втора сезона по ред, Вардаровата генерација родени “2004„ година се шампиони на Македонија, откако успеаа да ја освојат детската лига во својата возрасна категорија. Интересно и во двете сезони, првото место го освојуваше екипата на Вардар (2), додека третото му припаѓаше на Вардар (1). Тоа нишно не значи, со оглед дека тренерите, Арсовски и Андовски вршеа подеднаква селекција и во двете екипи. Може слободно да се каже, дека тоа е генерацијата која го играше најубавиот фудбал, во помладите возрасни категории на ФК Вардар. Дел од оваа успешна генерација на црвено-црните е Исмет Хајдари, кој се проценува како голем потенцијал и квалитетен играч. Настапува на средината на теренот, играч кој многу се движи, кој работи многу за екипата и еден од игрчите, од кои започнува секоја посериозна акција на неговите соиграчи. Во следново интервју ве запознаваме со Исмет Хајдари, кој една ипол година е дел од Вардар.

1739

1. Од каде ја добивте желбата да играте фудбал. Каде беа вашите први почетоци и под водство на кој тренер ?

-Уште од мали нозе имав желба за фудбал, но исто така и наследно од мојот татко. Моите  први почетоци беа во ФК Албион каде поминав две години под водство на тренерот Иска Балиќ.

2. Во пролетниот дел од минатата сезона преминавте во ФК Вардар. Како се случи да дојдете во овој клуб, дали по препорака на некој и дали имаше кај вас двоумење, околу преселбата во Вардар ?

13239472_471363976393315_7599145304773738014_n

-Тоа беше идеја на татко ми, кој сакаше да ме види во поголем клуб и тогаш по препорака на тренерот на голмани во ФК Вардар, Лупчо Кметовски бев на неколку пробни тренинзи кај тогашниот тренер на генерацијата 2004, Филип Арсовски кој беше задоволен од прикажаното. Така се случи да преминам во ФК Вардар, а што се однесува до двоумење, можам слободно да кажам дека во ниту еден момент не се покајав што дојдов во Вардар.

3. Во вториот дел од сезоната пропуштивте многу натпревари поради повреда. Колку беше тешко да се вратите на теренот и да ја вратите препознатливата форма ?

-По секоја повреда е тешко да се вратиш на теренот,  но со помош на моите тренери Ане Андовски и Томче Трајановски и со неколку посебни подготовки успеав да се вратам на теренот целосно подготвен.

vardarfans-generacija-2004-660x330

4. Две години по ред сте шампиони на Македонија во својата возрасна генерација. Сметаш ли дека вашата генерација играше најдобар фудбал во детската лига ?

18765637_1915841801969655_6416257134928516723_n

5. Во вашиот претстој во Вардар имавте можност да работите со тренерите, Арсовски и Андовски. Колку двајцата се заслужни за вашиот напредок и како екипа и како играч ?

-Со Филип Аровски и Ане Андовски успеавме да ја освоиме детската лига, втора сезона по ред. Ова доволно говори за нивните квалитети како тренери и за успешната работа која ја спроведуваат со оваа генерација. Двајцата имаат голема заслуга за добрите игри и освоените трофеи во оваа лига. 

6. Кој е вашиот најубав момент во Вардар, дали може да издвоите некоја случка ?

Па искрено имам доста убави моменти, така што не би можел да издвојам нешто посебно. Најважно е што моите соиграчи ме прифатија уште од првиот ден и со кои сум голем другар и надвор од теренот.

1638

7. Кое е вашето мислење за проектот на ФК Вардар, наречен “Јуниор“ лига ?

“Јуниор“ лигата е несомнено одличен проект, кој е од големо значење за најмладите, кои сакаат да тренираат фудбал и во иднина да се занимаваат со овој спорт. Тука е и дружбата со играчите од другите школи од Македонија.

8. Дали Исмет има зацртано желба, или цел која посакува да ја оствари за во иднина ?

-Моја, а се надевам и желба на моите другари т.е. моите соограчи е еден ден да се најдеме во првиот тим ФК Вардар. Затоа напорно ќе работам, за да ја оправдувам довербата кај тренерите во иднина. 

vardarfans-naslovna

Звонко Ивановски