Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Христов: Тоа што имаме 10 играчи од младинската школа во првиот тим, не е мала работа!
Христов: Тоа што имаме 10 играчи од младинската школа во првиот тим, не е мала работа!

Христов: Тоа што имаме 10 играчи од младинската школа во првиот тим, не е мала работа!

„Тоа што имаме 10 играчи од младинската школа во првиот тим, не е мала работа. Најголем бенефит има клубот. Генерално кога ќе се освојат трофеи има причина за задоволство, но за мене и за сите во клубот најголем трофеј е тоа – што толку многу играчи имаме во првиот тим. И тоа не се само статисти, туку се носители на играта на екипата. Имаат многу настапи за сениорите, но и натаму имаат право да играат во младинските категории. Среќни сме кога ќе видиме дека “, изјави Христов.

„Сега во новата сезона исто така ќе има уште неколку кои ќе отидат во првиот тим. Сега некој можеби ќе каже дека Вардар има забрана за трансфери, па нема друг избор. Меѓутоа зимоска немаше забрана, па пет играчи од младинската школа беа со првиот тим, а некои од нив се докажаа и веднаш потпишаа професионални договори. Тоа се должи на еден систем кој го применуваме во Вардар. Систем во кој човечките и фудбалските критеруми ќе бидат во изградбата на личност, и фудбалер кој произлегува од школата на Вардар. Систем кој ќе важи за сите и сегашни и идни генерации.“, рече Христов.

„Сега соработката е на едно високо ниво со првиот тим. Тоа е тој круг и потоа резултатите се неизбежни. И раководството на клубот се постави така, строго професионално, го прифати тој систем на работа. За жал имаше и такви кои не го прифатија, и не се повеќе дел од клубот“, вели Христов.

„Освен тоа што промовираме играчи, ние произведуваме и тренери. Таневски и Бојовиќ беа во школата, сега се со првиот тим. Исто така претходно беа и Тодоровски и Колев со првата екипа. Сега со нас е Филип Деспотовски кој што вчера заврши кариера и стигна до двојна круна веднаш во дебитантската сезона во својата категорија. Да не ги заборавам и другите тренери во другите генерации. Тренерскиот занает се учи во тие младински категории каде што има простор за експерименти, потоа кога ќе дојдете во првиот тим веќе немаше шанси за експерименти, немате право на грешка. Исто е и со фудбалерите. Таму се создаваат, потоа кога ќе дојдат во првата екипа треба да бидат создадени и само да напредуваат“, вели Христов.

„Морам да бидам задоволен од минатата сезона, затоа што освоивме доста трофеи. Од четири финалиња во Куп, ние осовивме три пехари. Бевме и на завршни турнири овој месец, каде учествуваа сите генерации. И тоа ние испраќавме помлади генерации. На пример ако турнирот беше за 2003, ние праќавме 2004. Сметам дека тоа е вистинската контрола, а резултатите се во втор план. Сега следува мал одмор, па потоа почеток на подготовки. Некои од генерациите ќе учествуваат на турнири во август, што ќе бидат како дел од подготовките за идната сезона. Би бил среќен кога би освоиле што повеќе трофеи, но повторно ќе кажам, најсреќен би бил кога би имале уште играчи од младинските категории кои и идната сезона ќе бидат вклучени во првиот тим. Тоа ме прави среќен и задоволен, а верувам и сите во клубот“, заврши Христов.