Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > СЕХА-лигата се комплетира со уште еден дебитант, Татабања од Унгарија е последниот учесник
СЕХА-лигата се комплетира со уште еден дебитант, Татабања од Унгарија е последниот учесник

СЕХА-лигата се комплетира со уште еден дебитант, Татабања од Унгарија е последниот учесник

Екипата на Татабања од Унгарија ќе биде последниот учесник во СЕХА-лигата, за новата натпреварувачка сезона.

Се работи за дебитант во ова натпреварување и за третиот најсилен тим во Унгарија, после екипите на Веспрем и Пик Сегед. Во сезоната која помина, Татабања се натпреваруваше во ЕХФ купот, каде стигна до најдобрите осум екипи, што само говори за квалитетот на овој тим, кој во новата сезона ќе влезе засилен за уште неколку квалитетни играчи.

На тој начин се комплетира списокот на учесници во СЕХА-лигата, за новата 2019/20 сезона. Покрај Вардар како актуелен освојувач на СЕХА и тим со најмногу трофеи, дел од лигата ќе бидат уште и екипите на Еурофарм, Војводина, Металопластика, Нексе, ППД Загреб, Веспрем, Татабања, Извиѓач, Татран Прешов, Мотор Запорожје, и Брест Мешков.