Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лира е новата „утка” на управата која бргу треба да се заборави!
Лира е новата „утка” на управата која бргу треба да се заборави!

Лира е новата „утка” на управата која бргу треба да се заборави!

За жал уште еден голгетер ќе биде запишан во низата на промашени трансфери кои го носеле дресот на Вардар. Вилијан Лира дојде во редовите на „црвено – црните” на почетокот на минатата сезона како засилување кое ќе треба да ги тресе противничките мрежи и да дава голови во квалификациите за Лигата на Европа, но..

Лира по очајната сезона во Вардар и постигнатите само три погодоци на 31 натпревар, дури и кога клубот не смее да носи нови фудбалери, Васоски му кажа „збогум” на Бразилецот. Дека Лира е тотален промашен трансфер на управата на Вардар покажуваат и бројките. Лира повеќе од осум месеци беше без даден гол во дресот на Вардар, верувале или не, цели осум месеци Лира не знаеше да постигне гол во едно македонско првенство.

Во новата сезона се надеваме дека младите Бојан Колевски, Џемаил Ибиши и Азар Омерагиќ нема да имаат сличен учинок како својот сега веќе „екс” колега.