Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар и во новиот систем на натпреварување би имал сигурно учество во ЛШ
Вардар и во новиот систем на натпреварување би имал сигурно учество во ЛШ

Вардар и во новиот систем на натпреварување би имал сигурно учество во ЛШ

Од Европската ракометна федерација ги презентираа измените во Лигата на Шампионите, за натпреварувачката сезона 2020/21.

Во новиот формат ќе се натпреваруваат вкупно 16 екипи, а учество ќе имаат шампионските екипи кои доаѓаат од земјите кои се во ТОП-9 најдобри ракометни репрезентации. На овој начин ќе имаме девет екипи, додека десеттиот учесник ќе доаѓа од земјата која во последните три години освоила најмногу трофеи во Европските натпреварувања.

За останатите шест места ќе одлучува комисијата на ЕХФ, според пет критериуми на листа. Тука спаѓаат сали, ТВ-права, гледачи, резултати во изминатите години во натпреварувањата на ЕХФ и менаџментот на клубот.

Според сите наведени принципи, Вардар и во новиот систем на натпреварување би имал сигурно учество во Лигата на Шампионите.