Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > И овој Вардар има потенцијал, само треба време
И овој Вардар има потенцијал, само треба време

И овој Вардар има потенцијал, само треба време

Покрај сите проблеми кои ги снајдоа во последно време, вардарци се екипираа и повеќе од солидно се претставија на премиерата оваа пролет. ,,Црвено – црните” иако беа апсолутни аутсајдери со Пелистер, сепак на два наврати водеа, а имаа и три бода во џеб на десет минути до крајот. Сепак не доволната физичка подготовеност и кратката клупа си го направија своето, па така тимот мораше да се задоволи со еден бод.

Иако Вардар освои еден бод, покажа дека може и пролетва да одигра добро и да забележува победи. Иако тимот играше во нова формација, сепак одговори добро, а радува и податокот што капитенот Блажевски го одигра речиси целиот натпревар. Стандардно, реализацијата беше одлична, бидејќи во нападот ги имаме одличните Мирчевски и Петковски. Ќе треба само да се поработи на комуникацијата во одбраната со Илиќ, бидејќи забележуваме дека и пролетва тоа не оди баш најдобро.

Да не заборавиме дека Вардар е оштетешен за еден погодок вчера, а можеби и два. Сигурно имаше офсајд при првиот гол на гостинот. Едно е јасно, на овој Вардар му треба малку време, па потоа да го прикаже најдоброто.

Фото: Кочо Сотировски