Ракометарите на Вардар се пласираа во осминафиналето од Купот на Македонија. Очекувано црвено-црните ја поминаа првата елиминациска пречка, откако во С.Ц. Јане Сандански со убедливи 47:11 ја победија екипата на Текстилец.
Стратегот на Вардар, Алушовски, за овој натпревар одмараше неколку првотимци, со оглед дека утре не очекува дуел од ЛШ против екипата на Елверум. Сепак и со расположивите сили, Вардар немаше проблеми во дуелот со Текстилец.
Ууште по првото полувреме, беа решени работите за конечниот победник, кога му дозволивме на противникот да постигне само пет голови, наспроти 22 за црвено-црните. Головите речиси беа рамномерно распоредени, иако постигнавме нешто повеќе во вторите 30 минути, за на крајот да славиме висок триумф изразен со резултат 47:11.
На овој натпревар шанса добија играчите кои имаат помала минутажа на настапите во ЛШ. Така, Јагурновски беше прв стрелец со 14 голови, додека еден помалку имаше Димитриоски. Со двоцифрен број на постигнати голови се истакна и Карапалевски постигнувајќи вкупно 10.