Македонската фудбалска репрезентација до 16 години го одигра првиот контролен натпревар на подготовките во Белек (Турција).
Денес, момците на Тони Јакимовски доживеаа пораз од соодветната селекција на Русија со конечни 3:1, додека на полувреме резултатот беше нерешен 1:1.
Четворица вардарци се наоѓаат со Македонија У16. За денешниот прв дуел против Русија, во стартните 11 се најдоа Марко Стојилевски и Зоран Фидановски, додека во вториот дел во игра влегоа и Никола Величковски и Арбин Курти.
На 24. февруари, истиве репрезентации ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар, додека на 25-ти се враќаат во Македонија.