На седница на владата беа донесени нови одлуки, што се однесува до спроведување на протоколите при организирање на настани во отворен и затворен простор.
Владата дозволи собири и настани со исполнување на 30 % од капацитетот во затворен објект, односно до 50 % во отворен простор.
Сепак ваквите решенија не ги опфати спортските натпревари во земјава, па така и во иднина натпреварите ќе се играат без присуство на публика. Ова е секако голема загуба за спортот во Македонија, што не им овозможено на луѓето да одат на спортските мечеви и да го следат својот омилен клуб.
Очекуваме во наредниот период да има промени и во овој поглед, па да гледаме исполнети трибини.