Во 12:00 часот со чартер лет, екипата на РК Вардар ќе замине за Белорусија, каде утре ги очекува првиот натпревар од Лигата на Шампионите против екипата на Брест Мешков.
Вардарци се негативни на ковид тестот, кој им беше направен во текот на вчерашниот ден, па тренерот Алушовски ќе може да смета на сите играчи.
За Брест ќе отпатуваат Стоилов и Дисингер, кој беше неизвесен поради повреда. Натпреварот се игра утре со почеток од 18:45 часот, со директен пренос на Арена Спорт-4.