Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Момците на Зенга утре гостуваат во Автокоманда на тест-меч
Момците на Зенга утре гостуваат во Автокоманда на тест-меч

Момците на Зенга утре гостуваат во Автокоманда на тест-меч

Избраниците на Зоран Петковски-Зенга во изминатиов период одиграа два контролни натпревари кои ги добија во своја корист. Првиот беше против екипата на Бутел на гостински терен, и вториот против тимот на КЛ7 во С.Ц Јане Сандански. Утре ќе играат нов, трет контролен дуел.

Генерацијата на РК Вардар составена од играчи кои се родени 2004/05 година активно се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона и во која ќе игра во пионерската и младинската лига за ривал ќе го има тимот од Автокомнада, екипата на РК Металург.

Пријателскиот натпревар е закажан за утре, среда, 16.септември. Мечот ќе го играме во гости на нивни терен со почеток во 11:00 часот.