Младиот напаѓач на ФК Вардар, Џемал Ибиши, е блиску до преселба во редовите на Локомотива Загреб.
Ибиши побара раскин на договорот со Вардар, а за неговиот потпис силно е заинтересен тимот од Хрватска, кој моментално се наоѓа на второто место во националното првенство.
Ибиши и Локомотива преговараат, па можно е набрзо и да се официјализира овој трансфер. Штета голема за Вардар што загуби уште еден млад играч, и тоа повторно без обештетување.