Тимур Дибиров во иднина се посветува само на настапите во Вардар, откако стави крај на репрезентативната кариера. Иако имаше понуди и од други клубови, Дибиров се реши да остане во Вардар, клуб каде најверојатно ќе ја заврши и играчката кариера.
Дибиров важи за најдобар стрелец на црвено-црните и еден од милениците на вардаровите навивачи. Остана верен на Вардар, а клубот го награди со нов договор. Со оглед дека навлегува во својата 37.година, Дибиров се реши да се повлече од репрезентацијата и да им отстапи место на помладите ракометари, сепак и не ја исклучува можноста да врати на повик кога ќе и биде потребна помош на неговата репрезентација.
Дибиров ќе ја одигра и својата осма сезона во Вардар, тука ги направи најголемите успеси, освојувајќи ја на два пати Лигата на Шампионите.