Македонската фудбалска репрезентација до 18 години во изминатиов период гостуваше во Израел каде одигра два контролни натпревари со оваа селекција.
На првиот дуел, Македонија загуби убедливо од селекцијата на Израел со резултат 3:0. Во стартниот состав на овој прв меч меѓу овие репрезентации во составот на Македонија се најдоа пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Китановски, Асани, Крстевски, Ѓурковски и Игнатов, додека во игра влегоа уште и Трајановски, Омерагиќ и Петејчук.
На вториот меч со Израел, одигравме со нерешен резултат 3:3. Иако Македонија водеше со 1:2, сепак до крајот на мечот бевме принудени да се спасуваме од пораз, откако домашната селекција направи целосен пресврт. Еден од головите за Македонија беше дело на Леонид Игнатов, кој постигна убав гол од слободен удар.
На вториот меч во стартните 11 се најдоа: Крстевски, Асани и Игнатов, додека играа уште и Омерагиќ, Ѓурковски и Петејчук.