Изминатиов викенд во С.Ц. Јане Сандански финишираше првиот дел од 6.издание на младинскиот ракометен турнир “Еден живот, една љубов“ во организација на РК Вардар. Имавме можност да гледаме натпревари во машка и женска конкуренција кај генерацијата родени 2006/07 година.
Во женскиот дел првото место му припадна на РК Делчево, додека второто место е за екипата на РК Будимир 1. На третата позиција се пласираше РК Драчево, четвртото место е за РК Будимир 2, додека на петтата позиција се најде РК Седмерец од Охрид.
Кај машките триумфираше екипата на РК Бисинов која во големото финале го порази тимот на Будимир. Бронзениот медал им припадна на Филип Вардар. На 4. 5 и 6 место се пласираа екипите на Урдаревски, Ангели и Балтепе.
Погледнете ја завршната церемонија од доделување на медалите и трофеите за најдобрите екипи, преку галеријата на Вардар Фанс.