Денес својот 19.роденден го прославува капитенот на ЖРК Вардар, Бојана Диневска. Таа минатата сезона го предводеше овој млад состав кон финалето во Купот и кон врвот во лигата. Диневска продолжи одлично и оваа сезона, на последниот дуел во саботата кога гостувавме во Струга во моментите кога не ни идеше и кога противникот водеше покажа дека е достојна за капитенската улога. Одигра лидерски, повлече за тимот, постигна дури 10.гола од кој четири во клучните моменти на пресврт, играше во „екстаза“ фрлајќи ги ривалите во очај пред нејзините налети.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН БОЈАНА!