Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пуштени нови билети за дуелот со Кил
Пуштени нови билети за дуелот со Кил

Пуштени нови билети за дуелот со Кил

Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кил од денеска ќе биде пуштен дополнителен контингент на билети за истиот натпревар, така што сите оние кои немаат билети, ќе можат да набават по супер цена.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба дополнителните билети. Истите се за секторот стоење. Цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил е закажан за в сабота, 12 октомври во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.