Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Игра во фантастична форма – Јован Попзлатанов!
Игра во фантастична форма – Јован Попзлатанов!

Игра во фантастична форма – Јован Попзлатанов!

Фудбалерите на ФК Вардар се вратија на победничките патеки откако изминатиов викенд победија на тешкото гостување во Велес кај одличниот ФК Борец. Со оваа победа Вардар се искачи на шесттата позиција на првенствената табела.

Творец на големата победа во Велес несомнено беше Јован Попзлатанов. Крилниот играч на ,,црвено – црните” игра во одлична форма и продолжува да ја воодушевува фудбалската јавност. Младиот крилен играч беше стрелец на првиот погодок, а запиша и асистенција при вториот погодок на Цветаноски. Освен голот и асистенцијата, Попзлатанов сигурно и претрча највеќе кај тимот на Вардар, а можеби и на целиот натпревар.

Одличниот Попзлатанов засега е на бројка од три погодоци и уште толку асистенции. Шанса за нови голови ќе има идниот викенд во Скопје против ФК Академија Пандев.