Зад нас е 13.коло во женската сениорска лига, вардарки ги одиграа сите 12.кола и заминуваат на одмор со девет победи, едно реми и два пораза. Вкупно освоивме оваа есен 28.бода од можните 36 на 12.мечеви, што е одлично во однос на реконструкцијата на тимот особено во бековската линија оваа есен, нешто што Ристова мораше да го увежбува. Сепак иако е последно коло поради пандемијата останатите екипи имаат одреден број на дуели кои треба да ги доиграат за комплетирање на целиот есенски дел.
ЖРК Вардар на домашен терен ја пречека екипата на РК Ѓорче Петров, девојките на Драгана Ристова и Алексадар Царчев од самиот почеток направија предност. Поведовме со пет гола по само 10.минути ракомет (7-2), на одмор имавме двојно повеќе, односно 10.гола позитива (18-8). Се беше јасно на оваа средба победата беше загарантирана, ние триумфиравме со 46:14.
Во нашите редови прв стрелец и единствена со двоцифрен ефект беше Трпевска Ивона, таа успеа да погоди 10.пати. Нашето крило се наоѓа на првата позиција на клубската листа на стрелци оваа есен, таа досега погоди 63.пати сезонава. Покрај неа Фани Ѓорѓиевска одигра на високо ново, впишувајќи 9 погодока. Голманките имаа свој ден, Илиќ имаше 9.одбрани (52% ефикасност), а Грујовска впиша 8.интервенции( 58% ефикасност).
Деспина на домашен терен ја совлада Стружанка со шест позитива, кај победникот прв стрелец беше Конеска Мери со 10 гола, кај поразените 6.погодоци имаше Делиоска.
Шампион по добриот старт почна да реди неуспеси, Чаир триумфираше на гости со 19.гола повеќе. Николовска Анастасија повторно блескаше кај чаирчанки и погоди 13.пати. РК Кузман конечно успеа да дојде до првата победа, често беше блиску до неа. Тие ја совладаа екипата на Пелистер, кај победникот прв стрелец беше Јовевска Сандра со 15.гола, кај поразените Белевска Анастасија погоди дури 17.пати.
Добра партија како и неколку кола наназад имаше голманката, Ивана Петровска-нов голмански бисер од школата на Алекандра Кузмановска. Честитки за првиот успех на тимот кој оваа сезона мина многу премрежија одкако остана без сала поради “глувоста“ на локалната самоуправа во нивната општина Илинден.
Металург дома дојде до победа над Спартак, иако доста се мачеше особено во првиот дел кога гостинките играа егал се до 10:10 иако имаа само седум ракометарки на располагање. Кај победникот Тасевска Марија погоди 10.пати, кај поразените повторно прв стрелец беше Коларовска Ана Марија со 9.гола, која стигна до бројката 82.погодока сезонава и е во топ-3 во цела лига.
*Напомена со клик на било кој дуел може да погледнете записник од истиот
На табелата ние се изедначивме на врвот со тимот на ЖРК Куманово со 28.бода, зад нас се екипите на Металург и Чаир со бод заостанување, но сите тие имаат мечеви кои треба да ги доиграат за разлика од нас. Стружанка по изненадувањето во Автокоманда помалку неочекувано беше соваладана во Прилеп, Кузман со победата му го предаде “фенерот“ на Пелистер.
1 | ЖРК КУМАНОВО | 10 | 9 | 1 | 0- | 28 |
2 | ЖРК ВАРДАР | 12 | 9 | 1 | 2- | 28 |
3 | ЖРК МЕТАЛУРГ | 11 | 9 | 0 | 2- | 27 |
4 | ЖРК ЧАИР | 11 | 9 | 0 | 2- | 27 |
5 | ЖРК СТРУЖАНКА | 10 | 6 | 1 | 3- | 19 |
6 | ЖРК ГЕВГЕЛИЈА | 10 | 5 | 1 | 4- | 16 |
7 | РК ДЕСПИНА | 8 | 5 | 0 | 3- | 15 |
8 | РК СПАРТАК | 11 | 4 | 0 | 7- | 12 |
9 | РК ШАМПИОН | 10 | 3 | 0 | 7- | 9 |
10 | ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ | 11 | 3 | 0 | 8- | 9 |
11 | ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЖРК | 11 | 1 | 0 | 10- | 3 |
12 | РК КУЗМАН ВАРДАР | 11 | 1 | 0 | 10- | 3 |
13 | ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 | 6 | 0 | 0 | 6- 0 |
l