Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Филип Андоновски: Се чуствувам одлично и во следниот период очекувам да бидам уште подобар
Филип Андоновски: Се чуствувам одлично и во следниот период очекувам да бидам уште подобар

Филип Андоновски: Се чуствувам одлично и во следниот период очекувам да бидам уште подобар

Генерацијата 2002 на ФК Вардар ја игра својата прва сезона во рамките на кадетската супер лига, во која се надева дека ќе успее да ја освои Шампионската титула. Моментално, сезоната во младинските лиги и воопшто во македонскиот фудбал е прекината, поради пандемијата и ширењето на корона вирусот, па не е познато кога истата ќе продолжи. Кадетите на Вардар во пролетниот дел добија „големо засилување„ во повратникот, Филип Андоновски, кој веднаш се наметна во стартниот состав на тренерот Ивановски, кој е предводник на оваа генерација. Филип врати на довербата со три постигнати голови на два натпревари, а на теренот се врати после пауза од една година. Имаше повреда која долго време го одалечи од терените, но упорноста и желбата на Андоновски беа пресудни за неговото враќање на теренот. Нашиот медиум, направи едно интервју со играчот кој настапува на средината на теренот, кој ни открива за периодот поминат надвор од фудбалските терени, како и за очекувањата во продолжение од сезоната, што се однесува до настапите на неговата екипа во двете натпреварувања.

-Една година бев одалечен од теренот, имав повреда на коленото за која беше потребен подолг период на рехабилитација. Рехабилитацијата е најтежок период за еден спортист. Бара мирување, постепено враќање и дисциплинирано следење на препораките на стручните лица. Верував и бев сигурен дека ке се вратам и во ниту еден момент немав никаков сомнеж околу тоа. Се чуствувам одлично и во следниот период очекувам да бидам уште подобар.

Во пролетниот дел се одиграа само два натпревари, истите црвено-црните ги добија во своја корист. Ги искористивме „киксовите“ на Шкендија и Работнички, за да избиеме на првото место на табелата, и да се стекнеме со позитива пред најголемите конкуренти за титулата.

-Несомнено оваа генерација има квалитет да ги освои првенството и купот. Го респектирам секој противник, но сметам дека ние имаме квалитет да ја победиме секоја екипа. Одлично го стартувавме пролетниот дел од сезоната, со две победи на исто толку одиграни натпревари. Многу важно беше да освоиме максимални шест бодови од мечевите со Еуроспорт и Македонија Ѓ.П и целосно ја оправдавме фаворитската улога. Успеавме да се искачиме и на првото место на табелата во кадетската-супер лига, но тука ништо не е завршено. Се надевам дека сезоната ќе продолжи, не очекуваат уште тешки и интересни натпревари, а борбата за трофејот ќе биде неизвесна до последното коло.

90347489_667881207280491_2050800657106993152_n

Вардаровите кадети ги очекуваат и борба за трофејот во националниот Куп. Во рамките на полуфиналето за противик ја добивме екипата на Брегалница од Штип. Се работи за тим кој настапува во втората кадетска лига, во која се наоѓа на првото место на табелата.

-Секако, дека ќе атакуваме и на освојување на трофејот во националниот Куп. Минатата сезона, бевме несреќно елиминирани во 1/4 финалето од екипата на Работнички, после изведување на удари од белата точка, па затоа сме решени оваа сезона да играме во големото финале. За противник во полуфиналето добивме екипа која се натпреварува во втората кадетска лига, но тоа не значи дека ќе биде лесно, па сметам дека шансите на двете екипи за пласманот во финалето се подеднакви. Секако дека фаворитската улога е на наша страна, но истата треба да се оправда на теренот. Се надевам дека ќе покажеме повеќе од Брегалница и дека Вардар ќе биде тимот кој ќе игра во финалето на Купот. 

Пред да дојде повредата, Андоновски беше и репрезентативец на Македонија, а се надева дека повторно ќе добие прилика да го облече националниот дрес.

-Чест и задоволство е да се игра за репрезентацијата на Македонија, па секако дека очекувам повторно да го облечам националниот дрес. Имав долг период на пауза, најпрво посакувам да ја вратам старата форма преку настапите за Вардар, а останатото ќе си дојде.

Звонко Ивановски