Оваа пролет во пионерската група-3 каде настапува тимот на РК Вардар предводен од Зоран Петковски-Зенга се одигаа две пролетни кола (10 и 11.коло) пред паузата. Момците во црвено-црна комбинација во пролетниот дел влегоа со скор 9 од 9 и убедлива лидерска позиција. Во 10.коло обезбедивме победа во 11.коло помалку неочекувано одигравме реми со петтопласираниот тим на табелата, екипата на РК Аеродром.
Ова се постигнатите резултати во 11.коло:
* РК Бутел Скопје – РК Рисови 25:15
*РК Македонија ЃП – РК Алушовски 16:20
* РК Вардар – РК Аеродром 19:19
* РК Металург 2 – РК Шампион 30:12
*РК КЛ 7 Лазаров- РК Риниа М 26:04
Овој „кикс’ воопшто не влијаеше на табелата, па така ние и понатака сме убедливи лидери, зад нас со осум бода закаснување е тимот на Металург-2, а третто пласирана е екипата на РК Бутел Скопје. Момците на Зенга го имаат најдобриот напад со постигнати 324 гола или во просек речиси 30 по одигран дуел (29,45), ние ја имаме и најдобрата одбрана со само 135 примени голови. Вардаровиот тим прима во просек нешто над 12 гола по одигран дуел. Доколку првенството продолжи во зацртаниот формат ние речиси сме со „една нога“ на Ф4, во „игра“ до крајот се 21 бод, а ние веќе имаме „залиха“ од осум пред второпласираниот. Табелата изгледа вака: