Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Иван и Петар Блажевски: Фудбалот е нашиот живот, во иднина се гледаме како дел од сениорскиот тим на ФК Вардар
Иван и Петар Блажевски: Фудбалот е нашиот живот, во иднина се гледаме како дел од сениорскиот тим на ФК Вардар

Иван и Петар Блажевски: Фудбалот е нашиот живот, во иднина се гледаме како дел од сениорскиот тим на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар од секогаш располагал со голем број на талентирани играчи во својата младинска школа. Едни од нив се и браќата Блажевски кои се дел од Академијата на клубот. Се работи за Иван и за неговиот помлад брат, Петар кои го носат црвено-црниот дрес. Иван настапува за генерацијата 2007, додека Петар е дел од генерацијата 2008 на ФК Вардар. Се работи за одлични играчи кои ги поседуваат сите фудбалски карактеристики и кои можат да одговорат на секој дел од теренот. Многу благородни за генерациите во кои настапуваат, секогаш даваат и повеќе од максимум, а нивниот придонес на теренот е бесценет. Вардар може да биде среќен што ги има во својата младинска школа, играчи кои во иднина треба да допринесуваат за подобри резултати и освојување на трофеи за клубот.

92359475_1070955809943079_6973118630439419904_n

Во следново наше интервју ве запознаваме со Иван и Петар, ретките браќа кои се дел од клубот Вардар ?

1. На колку години беше вашиот прв тренинг, во кој клуб и под водство на кој тренер ?

-Уште од мали нозе започнавме со фудбалот, јас со моите шест години и мојот брат Петар со пет години. Првиот тренинг ни беше во фудбалската школа Фамос под водство на тренерите Оливер Младеновски, Тони Богдановски и Марко Ѓорѓевиќ.

2. Дали освен фудбал постоеше желба за некој друг спорт, зошто се одлучивте баш за фудбал ?

-Започнавме со фудбалот за да спортуваме, меѓутоа благодарение на тренерите фудбалот навлезе во нашите срца и никогаш не би го замениле за друг спорт.

33498897_623364261357479_1791528960509607936_o

3. Како се случи да преминете во Вардар, на чија иницијатива се случи тоа ?

-После пет години тренирање во Фамос, на иницијатива на нашиот татко и нашиот тренер решивме да преминеме во друг клуб. Одлуката беше едногласна, а тоа е црвено-црното семејство, сонот на секое дете, фудбалскиот клуб Вардар.

4. Петар и Иван, со вашите генерации доминирате последниве неколку сезони во рамките на детската лига на ФФМ, каде успеавте да станете шампиони неколку години по ред. На што се должат успесите на вашите генерации ?

00000-660x330-660x330-660x330 165

-Среќни сме што сме дел од овие генерации и благодарение на тренерите и условите во Академијата ние со труд, работа, дисциплина и секако желба за победа успеавме секогаш да бидеме на врвот.

5. Дали имате фудбалски идоли ?

-Секако дека имаме фудбалски идоли, мојот идол е Лука Модриќ кој според мене е најдобриот креативен играч, а на мојот брат Петар идол му е Лионел Меси, кој се восхитува на неговата техника.

19

6. Колку често одите да ги гледате натпреварите на првиот тим на ФК Вардар ?

-Секогаш кога сме во можност одиме да ги гледаме натпреварите на првиот тим на ФК Вардар, затоа што во иднина и ние сакаме да бидеме дел од нив.

7. Сте имале можност со вашите генерации да се натпреварувате на многу турнири во земјава и надвор од неа. Кои се најсилните турнири на кои Петар и Иван играле ?

180

Иван: Сме биле на повеќе турнири ама јас со мојата генерација 2007 би го издвоил турнирот во Сандански “Пирин Куп” со тренерот Горан Петрески. Научивме уште многу за фудбалот играјќи со ЦСКА, Национал и други екипи.

Петар: Мојот најсилен турнир беше во Белград „Драган Манце” кој ми остави силен впечаток како во организацискиот дел, така и по учеството на силни екипи.

8. Колку сте добри ученици ?

-Покрај фудбалот се трудиме и училиштето да не го запоставиме, затоа што и тренерите така не учат, дека на прво место е училиштето.

20

9. Со оглед дека сте работеле со неколку различни тренери во Вардар, колку тешко ја поднесувате разделбата со тренерите и дали е потребно време да се навикнете на друг тренер ?

-Искрено да ви кажеме секоја промена на тренерите за нас е тешка, меѓутоа со тренинг и работа брзо се прилагодуваме, затоа што сите тренери во Академијата се предобри во својата работа.

10. За кој Европски клуб навивате, која лига во Европа ви е омилена и дали пратите ЛШ ?

-Интересно е што сите дома навиваме за Ливерпул, а со тоа ја следиме и Премиер Лигата, што не значи дека не ги следиме и другите Европски лиги. Лигата на шампиони ни е задолжителна и посебно уживаме со неа.

89089960_199627178020594_3059065644549931008_o

11. Во овој период кога се прекинати натпреварите во детската лига, како Петар и Иван го поминуваат времето, што правите секојдневно и дали имате некоја програма од вашите тренери по која работите за да се одржите барем на кондициски план ?

-Периодот кога сите активности се прекинати, времето го поминуваме со обврските кои ни се зададени секојдневно од училиште а исто така и од тренерите во клубот. Деновите дома се предолги, па знаеме да играме, да се скараме па да се смириме, ама многу ни фалат терените, другарите, тренерите и се надеваме што поскоро да се вратиме на секојдневните обврски.

6310-660x3301-660x330 61350915_10214447594965864_378296072277065728_n-660x330-660x330

12. Коку сте задоволни од условите за тренинг и работа која ви ги пружа Академијата на Вардар. Дали нешто недостасува или треба да се поправи во идно време ?

-Условите за тренинг и работа во Академијата на Вардар се дефинитивно најдобри во нашата држава. Секогаш може подобро, затоа упатуваме голема благодарност до тренерите и управата на редовните родителски средби каде заедно ги решаваме нашите проблеми.

13. Со оглед дека набрзо ќе започнете да се натпреварувате и на голем терен во рамките на регионалната-лига, која е вашата идеална позиција на теренот на која мислите дека би давале најголем придонес за екипата ?

89318141_199621264687852_2054687061343993856_o

-Ние со тренерот Горан Петрески одамна тренираме на голем терен и морам да признаам дека оваа игра многу повеќе ме исполнува и најмногу се гледам како офанзивен везен играч. Мојот брат Петар во иднина сака да игра како десно крило, што не значи дека не можеме да играме и на други позиции.

14. Со оглед дека сте разлика една година, дали еден ден се гледате заедно во една екипа на Вардар и дали досега сте имале можност да играте заедно на теренот ?

Да, секако е убаво да играме заедно, зошто и да не се случи тоа во иднина. Во Фамос многу често игравме заедно, а исто и на турнирите на кој го претставуваме нашето училиште, каде заедно го освоивме првото место на државно ниво.

3310

15. Како Петар и Иван ја гледаат фудбалската игра, што е потребно за во иднина да се стане врвен играч ?

-Откако започнавме да тренираме фудбал немаме пропуштено ниту еден тренинг а секако тоа е многу важен дел. Исто така мислам дека треба голема љубов, упорност и цврст карактер.

16. Колку често се случува да ги коментирате вашите натпревари во детската лига, откако истите ќе завршат преку викенд, дали разменувате мислења и си делите совети ?

-Фудбалот е нашиот живот, па секогаш ги коментираме и следиме нашите натпревари. Совети и критики секогаш постојат.

92483773_640708370105887_5287338314582458368_n

17. Што претставува името Вардар за вас ?

-Вардар за нас е нешто свето, најдобриот клуб кој секогаш е на врвот.

18. Дали имате некоја желба или цел која сакате да ја остварите во иднина ?

92493113_605637933500094_5319334914699558912_n

-Во иднина сакаме да останеме во фудбалот, меѓутоа треба уште многу да учиме и работиме. Се надеваме среќата ќе биде на наша страна во иднина и со Вардар Фанс повторно ќе пишуваме убави вести.

Звонко Ивановски