МИЛКО СИМОСКИ – Во Вардар дојде во 1983 година од редовите на Ф.К Тетекс и се задржува се до последната сезона од поранешната југословенска лига во 1992 година. За тој период забележа преку 200 настапи за клубот.
Дел од шампионската генерација на Вардар, но без забележителен ефект во истата сезона. Иако деснак, еден од најкомплетните леви бекови кои играле во Вардар. Подеднакво добар и во дефанзивните и во офанзивните задачи по левата страна.