Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Најдоски има одиграно вкупно 134 средби од кои 75 првенствени во „црвено-црниот“ дрес

Историја: Најдоски има одиграно вкупно 134 средби од кои 75 првенствени во „црвено-црниот“ дрес

najdoskiИЛИЈА НАЈДОСКИ – Роден е на 26 март 1964 година во славното Крушево, Илија Најдоски со право се вбројува како еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата на ФК Вардар. Ненадминлив по својата борбеност во играта во одбраната, Најдоски вардаровите бои ги бранеше во периодот од 1984 до 1988 година.

Поранешниот македонски репрезентативец има одиграно вкупно 134 средби од кои 75 првенствени во „црвено-црниот“ дрес и беше столб на дефанзивниот бедем во сезоната 1986/1987 кога Вардар за прв и единствен пат во својата трофејна историја се закити со титулата државен првак на СФР Југославија.