Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ најдобар стрелец во ЖРК Вардар

Пенезиќ најдобар стрелец во ЖРК Вардар

ЖРК Вардар новата година ја започна на одличен начин. Нашите девојки главната фаза од Лигата на шампионите ја започнаа со триумф на секогаш тешкото гостување во Подгорица. Со оваа победа нашите девојки се зацврстија на првата позиција на табалета. Сега нашиот тим има вкупно девет бодови, што е за два повеќе од второпласираниот тим на Ференцварош. В сабота вардарки ги очекува нов натпревар, овој пат против Мец на домашен терен.

Листата на стрелци во нашиот табор ја предводи одличната Андреа Пенезиќ. Пенезиќ до овој момент има постигнато вкупно 40 погодоци. На второто место во нашиот тим според успешноста на погодоците е Јованка Радичевиќ која има постигнато 36 погодоци. Третото место и припаѓа на Лакрабер која има постигнато 25 голови.