Левиот бек на Вардар и Шпанската репрезентација, Жоан Кањелас најверојатно ќе биде подготвен за натпреварот против ППД Загреб во лигата на шампиони, кој треба да се одигра на 11-ти февруари. Кањелас поради повреда предвреме го напушти мечот на неговата репрезентација во четвртфиналето каде беше поразена во дуелот со Хрватска. Лекарските прегледи во Скопје покажаа дека се работи за мала повреда, односно дисторзија на скочниот зглоб која не е од посериозен карактер.
Така левиот бек може да се стави на разполагање на тренерот Гонзалес за натпреаврите кои му следуваат на Вардар, но најверојатно ќе добие одмор на двата меча во рамките на регионалната лига, против екипите на Нексе и Горење. Кањелас е од големо значење за играта на црвено-црните, а неговото искуство е непроценливо во борбата на Вардар оваа сезона да стигне до толку посакуваниот фајналфор во Келн.