Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Во продажба билетите за ЖРК Вардар-Мец по цена од 150 ден

Во продажба билетите за ЖРК Вардар-Мец по цена од 150 ден

ЖРК Вардар следниот натпревар во Лигата на Шампионите на домашен терен ќе го одиграат на 04.02 (сабота) со почеток во 17:30 часот во својот храм С.Ц. Јане Сандански. Домаќини сме на екипата на Мец. Сите оние кои што сакаат да го проследат натпреварот и да им помогнат на црвено-црните да стигнат до нова победа можат да го купат својот билет на билетарницата на С.Ц. Јане Сандански секој работен ден од 10:00 – 18:00 часот или пак онлајн на www.ticketplus.mk

Цени:

Трибина – 150 МКД

Повеќе информации може да се добијат и на:

Е-маил: info@ticketplus.mk

тел: + 389 2 401 980

Сите што имаат купено сезонски билети за ЖРК Вардар или пак Вардар ПАС можат да присуствуваат на натпреварот само со приложување на сезонските картички