Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар останува на првото место, победи во првото коло за ФТЦ и Турингер

ЖРК Вардар останува на првото место, победи во првото коло за ФТЦ и Турингер

Изминатиов викенд се одигра првото коло во новоформираните групи 1 и 2 во женската лига на шампиони. За  нас е интересна групата 1 во која се натпреварува екипата на ЖРК Вардар.

Нашите девојки одлично ја започнаа новата година и тоа со победа против Будуќност на теренот на пртоивникот. Во најголем дел од првото полувреме имавме водство, кое достигна највеќе до пет голови разлика. Сепак со три сврзани погодоци, до крајот на првиот дел, домашниот тим со голот од пенал на Катарина Булатовиќ го израмни резултатот на 16:16, што беше и актуелен по истекот на првите 30 минути. Второто полувреме започна подобро за црнагорскиот шампион, кој имаше водство кое се движеше најчесто од два гола разлика, а највиското беше три погодоци. Сепак Вардарки и во тие моменти не се откажуаа и на неколку пати се враќаа од негатива. При резултат 24:24 на десет минути пред крај, избраничките на Давид Дејвис имаа повеќе сили за надигрување, па на крајот успеа заслужено да слават победа. Ова беше и прв триумф забележан во Подгорица, а вкупно трета и тоа последователна победа во дуелите со овој противник. Лејно имаше 10 одбрани, додека во нападот најефикасни беа Пенезиќ со 8 и Лекиќ со 7 погодоци.

Уште едно дерби се одигра во оваа група и тоа она помеѓу екипите на Мец и ФТЦ Будимпешта, кои исто така се претеденти за висок пласман во главната рунда. По голема борба натпреварот м припадна Унгарките кои славеа со резултат 25:28. Првото полувреме се играше многу израмнето и ниту една од екипите не се одлепи на разлика поголема од три гола. Сепак по истекот на првиот дел, домашниот тим имаше водство од 14:13.  Во второто полувреме, ФТЦ го сврте резулатот во своја корист кој успеа да го зачува до самиот крај. Во победничкиот тим најефикасни беа Пена со 7 и Хорнак со 5 голови, додека кај Мец се истакна Грос со 9 голови.

Турингер ја оправда улогата на фаворит и славеше на домашен терен во мечот против екипата на Астраханочка. Германките во текот на целиот меч беа во водство, кое ниту во еден момент не беше загрозено. По првиот дел имаа предност од 15:9, а истата констатно ја зголемуваа и во второто полувреме. Конечниот резултат на крајот беше 34:22. Чешката интернационалка Лузумова го предводеше Турингер со 8 голови, додека кај Астраханочка најдобра беше Сабирова со 7 погодоци.

По одигрување на првото коло од главната рунда, Вардарки остануваат на првото место на табелата.

1. Вардар  9

2. ФТЦ  7

3. Будуќност  6

4. Мец  4

5. Турингер  4

6. Астраханочка

Во следното коло двојките се следниве:

Вардар – Мец   04.02  17:30

Астраханочка – Будуќност  04.02  17:00

ФТЦ – Турингер   15:00