Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сара Стефаноска: Наградата за најдобар играч ми е голем поттик за понапорно да тренирам и напредувам, очекувајќи дека еден ден ќе се исполни мојот животен сон да играм за младинските екипи на Вардар

Сара Стефаноска: Наградата за најдобар играч ми е голем поттик за понапорно да тренирам и напредувам, очекувајќи дека еден ден ќе се исполни мојот животен сон да играм за младинските екипи на Вардар

Оваа година по трет пат се организираше ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“, на кој се натпреваруваа повеќе од 22 ракометни школи од цела Македонија. Во женскиот дел кај генерација родени 2004/05 година победник е екипата на РК Кале од Кичево. Тие успеа во конкуренција на 16 екипи да го освојат првото место. Во финалето се сретнаа со екипата на РК Кастратовиќ 1, која ја совладаа минимално со резултат 19:17. Како помина турнирот за екипата на РК Кале-Кичево можете да прочитате токму од најдобриот играч на оваа генерација. Се работи за Сара Стефаноска која е вистински лидер на тимот.

-На изминатиот турнир запознав нови пријатели, се дружевме и натпреварувавме меѓу себе. Ние секако како и сите други екипи сакавме да освоиме прво место, но поважно ни беше да играме фер и да се дружиме. За првото место најмногу им се заблагодарувам на нашите тренери Анастасија Стефаноска, Драган Кузманоски и Ѓоко Маркоски. Турнирот беше на високо ниво, ни овозможи да играме во големите сали каде се играат натпревари од лига на шампиони. Благодарение на Ракометна Академија Вардар се открија многу нови таленти кои настапуваат во младинските тимови на Вардар, но најважно од се е што се дружевме и стекнавме нови искуства.

vardarfans-sara

Пет победи од исто толку одиграни натпревари за екипата од Кичево, која заслужено стана шампион во оваа возрасна генерација. Сара во големото финале беше најдобар стрелец со 10 постигнати голови.

-Јас мислам дека го дадовме максимумот, задоволна сум од постигнатиот резултат и неслучајно го освоивме првото место. Очекувано беше да играме во финале со екипата на Рк Кастратовиќ 1. Meчот беше неизвесен, цело време се играше еден или два гол разлика, на крајот сепак победи подобриот. Многу сум задоволна од организацијата на турнирот. Без мојата екипа и моите тренери мислам дека немаше да успеам. Очекувам да играме финале и во Јуниор Лигата, се благодарение на добрата организација. 

vardarfans-rk-kale-kicevo1-660x330

Сара ја освои наградата за најдобар играч на завршниот турнир, со што го потврди истото признание од првата сезона на “Јуниор“ лигата, кога исто така беше прогласена за  МВП во својата генерација. Награда за најдобар играч доби и на минатото издание на истиов турнир.

-Како и предходната година и оваа година бев избрана за најдобар играч на турнирот што ми е голем поттик за понапорно да тренирам и напредувам очекувајќи дека еден ден ќе се исполни мојот животен сон да играм за младинските екипи на Вардар.

Звонко Ивановски