Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Гласајте за Андреа Пенезиќ да биде избрана за прва ѕвезда на колото во ЛШ

Гласајте за Андреа Пенезиќ да биде избрана за прва ѕвезда на колото во ЛШ

Вардарки го “скршија“ мразот и успеаа да забележат победа на гостувањето во Подгорица. Тоа беше нивна прва победа на гостински терен, а вкупно трета во соочувањето со екипата на Будуќност. Андреа Пенезиќ блескаше во триумфот над еден од нашите најголеми ривали за трофејот, успевајќи да постигне осум голови, со кои беше најефикасна во нашите редови. Таа заслужено се најде во изборот за трите ѕвезди на првото коло од главната рунда во ЛШ. Покрај неа имаше место и за Стине Јоргенсен од Митјиланд и Ана Грос од Мец.

За да биде избрана Пенезиќ за прва ѕвезда на колото, можете да гласате на следниов линк ТУКА.