Пред точно 12 години, Вардарци го посрамотија во Ахна кипарскиот тим на Етникос со пет парчиња во својата мрежа. Ова беше меч за незаборав, ова беше меч кој ќе се памети кај секој Вардарец додека е жив, ова беше натпревар на кој Вардар се надмина себеси, и славеше убедлива победа над кипраните, дали некогаш некоја друга генерација ќе може да даде пет голови на меѓународна сцена..
Сите се сеќаваме на овој меч, кој друг ако не Вандаир, Вардаровата легенда постигна два погодоци на овој натпревар, на овие негови погодоци се придадоа и Начевски и Серафимовски, додека пак еден гол беше дело на еден играч на Етникос кој си постигна автогол. Вардар го замолкна Кипар и покажа и докажа дека може да се носи со тимови од Европска сцена. На овој дуел Вардар настапи во следниот состав:
ВАРДАР: Здравковиќ, Ѓошевски, Васоски, Блесинг, Грозданоски (Масев 73), Трајчев (Начевски 81), Оливеира, Серафимовски, Вандаир, Тасевски (Бајрамовски 73), Маркоски.