Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Канелас најзвучното име во редовите на Вардар, кое е потврдено за следната сезона
Канелас најзвучното име во редовите на Вардар, кое е потврдено за следната сезона

Канелас најзвучното име во редовите на Вардар, кое е потврдено за следната сезона

Шпанскиот репрезентативец Жоан Канелас е најзвучното засилување за екипата на РК Вардар за следната натпреварувачка сезона. Канелас одигра две добри сезони во германски Кил, а последната во лигата на шампионите ја заврши со 71 постигнат гол. Дефинитивно големо засилување за нашиот ракометен шампион, кој со своетно непроценливо искуство ќе доприносе за подобри резултати на црвено-црните во борбата за пласман на завршниот турнир. Може да настапува на позицијата среден и лев бек и досега има играно во најдобрите шпански екипи. Суидад Реал, Барселона и Атлетико Мадрид се екипите каде Канелас има играно и оставано значаен белег во добрите игри на споменатитетие европски тимови.

Конкуренцијата на среден и лев бек се повеќе се зголемува. Ништо по сеизгледа од највавите дека Карачиќ ќе замине во Унгарски Веспрем. Тој најверојатно останува во црвено-црниот состав заедно со Лука Циндриќ на позиција среден бек. Добри вести се и врачањето на терен по подолга пауза на Деревен, како и официјалното доаѓање на Вуко Борозан, кој настапува на позиција лев бек.

Кратко видео од настапите на Канелас во екипата на Кил.