Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Матеј Андов: Се надевам само на победи во продолжение од сезоната
Матеј Андов: Се надевам само на победи во продолжение од сезоната

Матеј Андов: Се надевам само на победи во продолжение од сезоната

Голема победа за помладите пионери на Фк Вардар, во дербито на 5 коло во првенството на младинските категории. Нашите надежи беа подобри од своите врсници од Шкендија, победувајќи со резултат 4:0. Марио Илиевски, Давид Астарџиев, Виктор Петкоски погодија за Вардар, противникот постигна гол, но во својата мрежа. Најзаслужен што нашата мрежа остана зачувана, е голманот на Вардарци Матеј Андов.

Мојот впечаток е дека доминиравме на теренот, со 2:0 на полувреме и 4:0 како конечен резултат. Одбраната функционираше беспрекорно. Јас лично сум задоволен од играта на мојота екипа, иако имавме мали проблеми на почетокот од второто полувреме. Искрено не очекував толку голем триумф, со оглед дека беше дерби на колото. Сепак бевме физички и психички поспремни од противникот, се надевам само на победи во продолжение од сезоната.

Помладите пионери се единствена Вардарова генерација, без пораз во домашното првенство. Се наоѓаат на првото место на табелата со вкупно 13 освоени бодови.

Оваа сезона одиме да го освоиме првенството и купот. Добрите резултати на стартот се голема заслуга на тренерот Сашо Јанев и мојот голмански тренер Љупчо Кметовски, изјави Матеј Андов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски