Одличен деби настап во Лигата на Европските шампиони имаше нашиот нов играч, шпанскиот интернационалец Хорхе Македа. За Македа верувале или не, ова беше прв настап во Лигата на Шампионите. Македа досега немал можност да настапува со некоја екипа во ова елитно натпреварување. Oва деби Македа ќе го памети дур е жив. На премирениот натпревар во Франција Македа според многумина, беше играч на натпреварот. Влезе во игра во вистински момент, кога не му одеше на својот колега Душебаев. Откако влезе во игра Македа, Вардар заигра на многу поквалитетно ниво во нападот, па со самото тоа говори и фактот дека Македа беше најефикасен во таборот на Црвено – Црните заедно со Дибиров.
Радува фактот што конечно РК Вардар доби два квалитетни играчи на десната бековска позиција, покрај Душебаев сега сериозна конкуренција ќе биде и Македа се разбира. Инаку Македа натпреварот го заврши со 6 голови од 7 упатени удари. Се надеваме, и очекуваме, Македа да продолжи во исто темпо на следните натпревари во ЛШ.