Сосема очекувано, нашиот најдобар поединец на вчерашниот натпревар Арпад Штербик се најде во идеалниот тим на ова воведно коло во ЛШ. Нашиот голман го доби ова признание од челните луѓе на ЕХФ. Штербик на овој воведен дуел во Франција, го носеше Вардар до победа со 17 успешни интервенции.
Освен Штербик во идеалниот тим се најдоа уште и:
Лево крило | Андерс Егерт | Фленсбург |
Лев бек | Лука Митровиќ | Елверум |
Среден бек | Деан Бомбач | Пик Сегед |
Десен бек | Холгер Гландорф | Фленсбург |
Десно крило | Кристијан Бјорнсен | Кристијанштад |
Пикер | Тијаго Роча | Висла Плок |
Голман | Арпад Штербик | Вардар |