Следниот викенд на терените на фудбалската федерација на Македонија започнува детската лига. Периодов е наменет за одигрување на подготвителни натпревари, со цел максимално подготвено да се влезе во ова натпреварување. Избраниците на Зоран Петковски кој е тренер на оваа генерација забележаа четири победи. Минатиот викенд, младите Вардарови надежи имаа можност да играат против екипата на Форца и да остварат две победи. Првиот дуел заврши со резултат 7:3, а во вториот исто така победија со 7:5.
Викендов на големиот терен на Работнички со вештачка трева, Фк Вардар генерација “2005“ се сретнаа со своите врсници од Работнички и со тимот на Фк Лисици. На двата дуели, црвено-црните забележаа високи победи. Најпрво ја растурија екипата на Работнички со резултат 9:3. Потоа без примен погодок, но со девет постигнати го завршија мечот со Фк Лисици. Во детската лига, оваа генерација најверојатно ќе учествува со две свои екипи.