Со победата на Рајн-Некар Левен против акуелниот европски шампион, екипата на Барселона се комплетираше првото коло во групата Б каде настапува Вардар.
Првиот меч во оваа група се одигра уште во средата, помеѓу екипите на Кристијанштад и Колдинг. Поуспешен беше дебитантот во ова натпреварување, кој изненадувачки забележа висок триумф. Конечниот резултат беше 33:26. Одличен натпревар во оваа група одиграа следниот наш противник Пик Сегед и тимот на Киелце. По голема борба и резултатска неизвеснот во текот на целиот дуел, домаќините на крај се радуваа на победата. Унгарците ги освоија двата бода, победувајќи со само еден гол разлика 31:30. Словенскиот репрезентативец Деан Бомбач бече најефикасен на натпреварот, со 11 постигнати голови.
Дербито дефинитивно се играше во Германија, помеѓу Рајн-Некар Левен и Барселона. “Лавовите“ беа поуспешни во својата арена, совладувајќи го Европскиот првак со резултат 22:21. Ниту 16-те одбрани на Шариќ и 6-те голови на Лазаров не им помогнаа на Барселона да се спасат од пораз на овој меч. За нас најважното е што нашиот шампион имаше успешен старт, откако на гостувањето во Франција, беше подобар од Монпелје. Иако имавме негатива по првиот дел, на крајот квалитетот дојде до израз за конечни 30:35. Веќе за седум дена, го играме вториот натпревар во групата, прв на домашен терен против Пик Сегед.