Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров за Вардар Фанс: Покажавме “карактер“ кога беше најмногу потребно
Дибиров за Вардар Фанс: Покажавме “карактер“ кога  беше најмногу потребно

Дибиров за Вардар Фанс: Покажавме “карактер“ кога беше најмногу потребно

Црвено-црните со победа ја стартуваа новата сезона во најголемото ракометно натпреварување. Нашиот шампион беше поуспешен на гостувањето во Франција, против екипата на Монпелје со резултат 25:30. Иако по првото полувреме, имавме негатива од три голови, во вториот дел го свртивме резултатот во наша корист. Нашето крило Дибиров одигра одлично, пред се второ полувреме и мечот го заврши со 6 постигнати голови. Само за нашите фанови го изјави следново:

Оваа е многу важна победа за нас во продолжение од групната фаза на лигата на шампионите. Во првото полувреме игравме многу лошо, но затоа покажавме “карактер“ кога беше најмногу потребно. Во вториот дел заиграме многу сериозно и поконцентрирано. Мислам дека со многу поголема разлика ќе го добиеме Монпелје во нашата арена.

Вардарци ги освоија првите два бода во групната фаза на стартот од ЛШ. Наредната недела на домашен терен ја пречекуваме екипата на Пик Сегед.

Оваа сезона имаме многу добра екипа. Ние сме среќни што победивме и што бодовите останаа кај нас. Очекувам многу победи во новата сезона, изјави Тимур Дибиров за нашиот сајт.

Звонко Ивановски