Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери им одржаа “лекција“ на своите врсници од Шкендија
Помладите пионери им одржаа “лекција“ на своите врсници од Шкендија

Помладите пионери им одржаа “лекција“ на своите врсници од Шкендија

Помладите пионери се единствената наша генерација која успеа викендов да забележи победа, во дуелите со Тетовска Шкендија. На теренот на локомотива, овие наши млади надежи им одржаа лекција на врсниците од Шкендија, победувајќи ги со резултат 4:0. Стрелци на головите беа Марио Илиевски, Давид Астарџиев, Виктор Петкоски и авто гол на противникот.

Без респект кон противникот, избраниците на Сашо Јанев го започнаа овој натпревар давајќи до знаење дека Шкендија нема што да бара на овој дуел. Уште од самиот старт наметнаа силно темпо на игра, на кое противникот не можеше да одговори. Почетната иницијатива брзо вроди со плод, откако Илиевски погоди за предност од 1:0. Пред постигнувањето на голот, црвено-црните имаа уште една одлична прилика за гол, но гостинските дефанзивци на време реагираа. До крајот на првиот дел, следуваше уште еден гол во мрежата на Тетовската екипа. При една добра изработена акција, умешно во гол ја претвори Астарџиев за водство од 2:0. Со овој резултат се замина на пауза.

Ништо поразлично не се случуваше ни во второто полувреме. Шкендија беше немоќна да се спротистави на нашата екипа, дури си постигнаа и авто гол. До крајот на мечот во главно издание беше Виктор Петкоски, кој на два пати имаше шанси да постигне гол. Едната ја реализираше во погодок, за веќе предност од 4:0. Противникот немаше некоја посериозна шанса кон нашиот гол, па на крајот заминаа со наведнати глави.

Трите бода останаа во Скопје, со овој триумф Вардаровите момчиња се наоѓаат на првото место на табелата. Тие се единствената Вардарова генерација која сеуште не е поразена во новата сезона. Имаат четири победи и еден нерешен дуел.