Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Извлечени двојките за 1/16 финалните натпревари во купот на младинските категории
Извлечени двојките за 1/16 финалните натпревари во купот на младинските категории

Извлечени двојките за 1/16 финалните натпревари во купот на младинските категории

Во седиштето наФудбалската федерација на Македонија беа извлечени двојките за 1/16 натпревари во купот на младинските категории. Помладите пионери, пионери и кадетите на ФК Вардар обезбедија директен пласман во следната 1/8 рунда. Привилигирани се оние екипи кои минатата сезона стигнале до 1/4 на ова натпреварување. Само да потсетиме дека минатата сезона помладите пинери( сега пионери) го освоија купот на Македонија. Тогаш избраниците на Сашо Тодоровски беа поуспешни дури по изведување на удари од белата точка, откако претходно во регуларниот дел мечот заврши 0:0. Пионерите (сега кадети) стигнаа до полуфиналните натпревари во групата, каде доживеаа два порази и не обезбедија пласман во финалето.

Кадетската екипа (сега младинци) која ја предводи Љупчо Марковски исто така го освои националниот куп, откако во финалето беа подобри од тимот на Работнички. Единствено младинците на тренерот Марковски ќе започнат да играат од 1/16. Противник ќе им биде екипата на Љубанци. Првиот натпревар ќе се игра на 23/24 септември. Правилото на ФФМ за оваа категорија е да биде привилигирана само екипата, која минатата сезона го освоила купот. Тоа беше екипата на Металург. Младинците кои минатат сезона ги предводеше Петар Ѓоргиевски, испаднаа во полуфиналето.