Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар подобар од Ростов Дон
ЖРК Вардар подобар од Ростов Дон

ЖРК Вардар подобар од Ростов Дон

По лошото издание на турнирот  Букурешт, нашите девојки се вратија во Скопје каде одиграа повторно дуел (втор ова лето) против рускиот тим на Ростов Дон. И по втор пат нашиот тим беше по успешен од русинките. Натпреварот нашите девојки го добија со резултат 34:27. Овој натпревар се играше три пати по дваесет минути, во малата сала во СЦ. Јане Сандански.

Најефикасни во нашиот тим беа Пенезиќ и Дамњановиќ со по шест погодоци, а Черноиваненко придодаде уште пет реализации. На овој дуел вообичаено тренерскиот тандем КастратовиќПитлик испробаа многу варијанти во играта на шампионот.