Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Да се запре брзиот Јотун
Да се запре брзиот Јотун

Да се запре брзиот Јотун

“Вардар фанс” започнува со анализа на најопасните играчи на Малме. Сега кога веќе е јасно дека капитенот на оваа екипа Розенберг нема да настапи против Вардар, главен акцент се става на oстанатите неколку опасни играчи на Малме. Започнуваме со еден од најопасните, Перуанецот Јошимар Јотун.

Јотун е брз и експлозивен играч кој доаѓа од Перу. Може да се пофали со дури 63 настапи за перуанската репрезентација. Настапува на позицијата лево крило и по потреба лев бек, оваа сезона за тимот на Малме има одиграно eдинаесет натпревари и постигнато два гола. Последениот погодок за тимот на Малме го даде минатата недела во шведскиот шампионат и тоа од слободен удар од над 20 метри. Јотун веќе трета сезона е во тимот на Малме, минатите две сезони има одиграно вкупно 43 првенствени натпревари и постигнато еден погодок. Јотун има 27 години и е висок 1.73cm, покрај за тимот на Малме надвор од својата земја има настапувано само за тимот на Васко де Гама oд Бразил, каде одиграл 27 натпревари без да се запише во листата на стрелците.