Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Муслиу: Посакувам нешто повеќе во ЛШ со Вардар, нашиот тренинг центар е европски
Муслиу: Посакувам нешто повеќе во ЛШ со Вардар, нашиот  тренинг центар е европски

Муслиу: Посакувам нешто повеќе во ЛШ со Вардар, нашиот тренинг центар е европски

ФК Вардар вчера го одржа првиот  тренинг  после враќањето од подготовките во Австрија. На истиот за прв пат во нашиот тренинг камп,  имаше можност да присуствува новиот играч  во нашите редовите , стоперот Висар Муслиу. Тој после првата посета на кампот, ги искажа своите импресии.

Тука е супер. Прв пат сум во тренинг кампот на Вардар, и навистина сум импресиониран од ова што го гледам. Соблекувалните, собите, ресторанот, просториите за масажа, базените… Вакви услови имаат само големите европски клубови. Свој камп, свои терени, освен Вардар, нема никој во Македонија. Чест ми е што ќе имам можност да тренирам тука. Тука сите играчи се чувствуваат како вистински професионалци. Со вакви услови тимот може да оди напред, а исто така и играчите да се надоградуваат. Имаме каде да се подготвуваме за натпреварите од Лигата на шампионите, и за следната сезона во која нашите амбиции се познати, а тоа е освојување на сите пехари.

Мислиу премина кај нас од екипата на тетовска Ренова, за она што очекува со новиот тим со кој има договор на три сезони тој го вели следното:

Реков и на подготовките, тука дојдов да освојувам титули и да играм во Европа. Ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата, и се надевам на многу шампионски пехари. Прво посакувам да направиме нешто повеќе во Лигата на шампионите, односно да минеме едно коло. Мислам дека имаме играчи кои што може да го направат тој успех. На мене е да работам и да почнам да играм. Со нетрпение го очекувам мојот настап во дресот на Вардар.