Како што се очекуваше европскиот ракометен првак, нашиот РК Вардар ја доби и официјално поканата за настап на Супер Глоуб. Овој силен турнир што се одржува во Доха, Катар. Истиот е своевидно неофицијално клупско светско првенство.
Според ИХФ, турнирот ќе се одржи на од 25 -28 август. Kако и изминатиот турнир, системот на натпреварување e ист, односно нокаут систем уште во четврт-финале, по што следуваат натпревари во полуфинале и финале. Поразените од четврт-финале ќе разигруваат за конечен пласман од 5 до 8 место. Четврт-финалните натпревари ќе се играат на 25 август, а полуфиналето и мечевите за пласман на 26 август. Потоа има слободен ден, а финалето е на 28 август, заедно со мечевите за пласман. Подоцна дополнително ќе биде објавено кои екипи ќе играат на турнирот.