Вардарци можат да бидат задоволни, добија незгоден противник на уште понезгоден терен за игра и со самото тоа го продолжија чекорот на добри резултати пред се без пораз во првенството.
По вчерашната победа и добрата поддршка од трибините во Маџари, на Фејсбук во неколку реченици се обрати “десетката” на црвено – црните, Виктор Нилдо Јуфо.
Најдобра фотографија да се објасни што е тимска работа. Тимот прави сила!
Јуфо во победата одигра 87. минути и беше асистент при вториот гол на Новак.